Тренерот на Мајами заплака на прес конференцијата (ВИДЕО)

epa08733321 Miami Heat head coach Erik Spoelstra reacts as they play the Los Angeles Lakers during the second quarter of their NBA Finals basketball game five at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 09 October 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Мајами хит загубија во големото НБА финале со 2:4 од ЛА Лејкерс.

Екипата на Мајами во финалната серија против Лос Анџелес Лејкерс се соочуваше со големи проблеми поради повредите на клучните играчи но и покрај тоа одигра шест натпревари.

Горан Драгиќ се повреди во воведните минути од првиот натпревар и отсуствуваше се до последниот шести натпревар во финалето, додека центарот Бем Адебајо пропушти два натпревари и имаше лимитирана минутажа во четвриот натпревар, но и покрај тоа играчите го оставија секој атом од силите на паркетот и успеаја да дојдат до две победи.

Поразот во финалната серија тешко му падна на тренерот на Мајами, Ерик Сполстра кој на прес конференцијата не можеше да ги додржи солзите.

Овие луѓе без разлика што и да се случи во иднина, ќе ја паметат сезоната до крајот на животот. Се што поминавме во соблекувалната, тие моменти на заедништо ќе бидат со нас до крајот на животите. Моите играчи се бореа и играа колку што можеа во ова финале, а не е  мал бројот на играчи кои не е беа на 100 проценти. Најверојатно не ни требаше да играат, но знаете како оди тоа со нив, бараат и сакаат да бидат на паркетот. Многу ми е криво што не најдов начин да победиме – изјави расплаканиот Сполстра.

НБА: 17. шампионска титула за ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот