Тренерот на Лајпциг е нов рекордер во Лигата на шампионите

twitter/THFCNews2020

Лајпциг вечерва игра против Тотенхем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а тренерот на германскиот тим, Јулијан Нагелсман постави нов рекорд.

Тој стана најмладиот тренер кој водел екипа во елиминациите во ЛШ. Нагелсман има само 32 години и 211 дена.

Поради повреда на коленото во 2008 година, тој мораше предвреме да ја заврши играчката кариера и веднаш заплива во тренерските води.

Прво беше тренер на младинските екипи во Хофенхајм, за во 2016 година да стане тренер на првиот тим и тоа на само 29 години. Од летото 2019 година е тренер на Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот