Тренерот на Ѓоковиќ примен во тениската Куќа на славните

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Легендарниот хрватски тенисер и сега еден од двајцата тренери на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и официјално е примен во тениската Куќа на славните во Њупорт.

Иванишевиќ во кариерата освои 22 титули од кои највредна е таа од 2001 година кога победи на Вимблдон во 2001 година и тоа откако доби специјална покана за настап. Претходно три пати губеше во финалето на Вимблдон.

– Ни сме мала земја со големо срце. Никогаш не престануваме да веруваме. Имав многу подеми и падови, но никогаш не престанав да верувам. За прв пат во животот можам да кажам дека сум горд на себе. Не беше лесно да се биде мој навивач. Беше фрустрирачки, беше тажно, веројатно многу луѓе се разведоа поради мене. Но една работа е сигурна: беше забавно да се биде мој навивач – вели Иванишевиќ.

Покрај Иванишевиќ во тениската Куќа на славните во Њупорт се примени и шампионката од Вимблдон од 1994 година, Кончита Мартинез, постхумно е примен и американсиот тренер Денис ван дер Мир, како и тенисерките од „оригиналната деветка“ кои се изборија за поголеми наградни фондови во женскиот тенис: Били Џон Кинг, Роси Калас, Пичес Барковиц, Кристи Пиџон, Кери Мелвил Рид, Џули Хедман, Валери Зигенфус, Џуди Тагард Далтон и Ненси Ричи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот