Тренерот на Елмас и Наполи амбициозен: Сакаме да ја освоиме и Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Наполи ја совлада Специја со 3:0 на гости во 21 коло од Серија А, дефинитивно клубот од Неапол е најголем кандидат сезонава да ја освои титулата (прва од 1990 година). Моментно е на првото место на табелата со 56 бодови, додека Интер и Рома имаат по 40.

Тренерот на „Наполитанците“ и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Лучано Спалети изјави дека неговиот клуб сака да ја освои и Лигата на шампионите, пренесуваат италијанските медиуми.

Наполи на 21 февруари ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ против Ајнтрахт во Франкфурт.

– Ние имаме намера да ја освоиме и Лигата на шампионите. Тоа е наша одлука. Ќе се обидеме да постигнеме нешто за доброто на овие навивачи. Мораме да бидеме горди на љубовта што ни ја даваат Наполитанците и да ја пренесеме на теренот – вели Спалети.

Следниот меч во најсилното италијанско првенство составот од Неапол ќе го има на 12 февруари дома против Кремозене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот