Тренерот на Барселона разочаран по ремито: Тешко е да се објасни…

epa09192537 FC Barcelona's head coach Ronald Koeman reacts during the Spanish LaLiga soccer match between Levante UD and FC Barcelona at Ciutat de Valencia stadium in Valencia, eastern Spain, 11 May 2021. EPA-EFE/BIEL ALINO

Барселона речиси ги загуби сите шанси за освојување на титулата откако во 36. коло одигра само 3:3 против тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте.
Каталонскиот тим водеше со 2:0 на полувремето, но во вториот дел одигра катастрофално и пропушти можност барем за момент да се искачи на лидерската позиција на табелата.

– Тешко е да се објасни. Во првото полувреме бевме добра екипа, но во второто го загубивме интензитетот, ја загубивме концентрацијата. По 2:2 имавме добра реакција, но лошо се браневме. Не е нормално да примиме три гола за 45 минути игра, тоа не е стандард за екипа како Барселона – изјави Куман.
Барселона сега на две кола до крајот на сезоната има 76 бода но и натпревар повеќе во однос на конкурентите за титулата, Атлетико Мадрид кој има 77 и Реал Мадрид кој има 75 бодови.

ВИДЕО: Барди и Леванте ги уништија шампионските соништа на Барса!?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот