Тренерот на Атлетико, Симеоне позитивен на коронавирус

фото: твитер

Стратегот на „јорганџиите“ нема симптоми и во следниот период ќе биде во домашна изолација 14 дена, се вели во клупското соопштение.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е позитивен на коронавирус, потврдија од клубот на социјалните мрежи.

Минатиот понеделник 50-годишниот Аргентинец со екипата им се врати на тренинзите пред почетокот на новата сезона во „Ла Лига“.

Најплатениот тренер на светот го води Атлетико од 2011 година, а досега ги освои првенството, Кралскиот куп и двапати Лига Европа, а двапати беше финалист во Лигата на шампионите.

Како играч настапуваше во Аргентина, Шпанија и Италија, а за репрезентација одигра 106 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот