Тренерот кој не сакаше да игра против Косово, е нов селектор на Србија

Фудбалската федерација на Србија (ФСС) и официјално го именува Љубиша Тумбаковиќ за нов селектор. Предлогот на стручниот одбор на ФСС беше едногласно поддржан од страна на Извршниот одбор и Тумбаковиќ доаѓа како наследник на Младен Крстајиќ по дебаклот на Србија од Украина (0:5) во квалификациите за ЕП 2020.

Последната работна задача на Тумбаковиќ беше на селекторската функција во Црна Гора но беше сменет откако одби да ја води репрезентацијата против Косово во квлаификациите на ЕП 2020.

Неофицијално, платата на Тумбаковиќ ќе изнесува 300.000 евра, и дополнителни бонуси доколку успее да ја однесе Ербија на Европското првенство.
Дебито на клупата на Србија, Љубиша Тумбаковиќ ќе го има на 7 септември во Белград против европскиот шампион, Португалија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот