Тренерот кој ги воодушеви гигантите: Во сон зборувам за тактиката

twitter/RB Leipzig

Јулијан Нагелсман е тренерот кој пред неколку години ја воодушеви фудбалска Европа со настапите на неговиот Хофенхајм во Бундес лигата, а потоа и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Младиот 32-годишен тренер моментно го предводи Лајпциг и е најмладиот тренер во Бундес лигата.

Неговиот тим игра одлично во домашниот шампионат, но изненадувачки, вчера Лајпциг загуби на домашен терен од Лион во ЛШ. Колку е посветен на својата тренерска работа, најдобро ја отсликува анегдотата која ја раскажа по поразот од францускиот тим.

– Често во текот на ноќите ја плашам својата сопруга бидејќи во сон гласно зборувам и давам инструкции на одредени фудбалери. Жена ми мѝ кажа дека тоа ја вознемирува, а проблем е што често ми се случуваат овие испади – изјави Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот