Тренерите влегоа во клинч: Михајловиќ и Гасперини разменија тешки зборови (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта со 1:0 ја совлада Болоња во рамките на 35. коло од Серија А но натпреварот го одбележа вербалниот дуел помеѓу двајцата тренери, Џан Пјеро Гасперини и Синиша Михајловиќ.

По еден прекршок на дефанзивецот на Аталанта, Робин Госенс, тренерот на Аталанта им рече нешто на гостинските фудбалери по што веднаш реагираше и Михајловиќ.

„Зашто зборуваш со нив? Зборувај си со своите играчи, кој к*р сакаш?“, му се развика Михајловиќ на колегата.
Реагираше и главниот судија кој му покажа жолт картон на Михајловиќ додека Гасперини помина полошо, тој беше исклучен.
„Зошто јас?“, се побуни тренерот на Аталанта.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот