Тренерите го одбиваат Баерн како на филмска лента, нов фаворит е Венгер

фото: EPA-EFE/AHMED JALLLANZO

Баерн Минхен не ги прикажува очекуваните игри сезонава, и по дебаклот од Ајнтрахт од 5:1, управата одлучи да му се заблагодари на Нико Ковач.

Челниците на екипата веднаш почнаа со потрагата по наследникот на Ковач, и веќе неколку имиња се споменуваат како можни наследници, меѓу кои најзвучни се Жозе Мурињо, Ерик тен Хаг, Томас Тухел…
„Билд“ објави дека сегашниот тренер Тен Хаг е подготвен да го презеде кормилото на германскиот тим дури по завршувањето на сезоната, но засега оваа опција не и се допаѓа на управата.
Токму поради тоа, Карл Хајнц Румениге го контактираше Ралф Рагник, доскорешниот тренер на Лајпциг, но тој го одби Баерн Минхен.

Следен на списокот беше Томас Тухел, тренерот на ПСЖ, но и тој се заблагодари на понудата.
– Не сум заинтересиран за работата во Баерн бидејќи сум тренер на ПСЖ. Јас сум под договор оваа и идната сезона, така што немам намера да преговарам со други екипи – изјави Тухел.

Жозе Мурињо е таинствен и засега не открива дали веќе добил понуда да седне на клупата на Баерн Минхен или не.


Токму поради тоа „Билд“ објави дека нов фаворит е Французинот Арсен Венгер кој две години е без ангажман по заминувањето од клупата на Арсенал. Се очекува, Венгер доколку се согласи, да ја води екипата само до крајот на сезоната, а потоа најверојатно првиот тим ќе го преземе Ерик тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот