Тренер го победи поранешниот клуб па ги соблече панталоните пред навивачите (ВИДЕО)

Една од најневеројатните фудбалски снимки овој викенд доаѓа од Занзибар.

Тренерот на Миамбени, Мани Гамера, со 1:0 го совлада поранешниот клуб Јангомбе, а по крајот на натпреварот започна со непримерна прослава на победата.

Тој дојде до трибината каде беа најверните навивачи по што започна да се удира по градите, изведуваше дрижења со кои симулираше сексуален чин, а потоа дури ги соблече и панталоните, по што обезбедување мораше да го прекине неговото непримерно славење.

Според медиумите во Занзибар, причина за ваквото однесување на тренерот е поради тоа што доби отказ од Јангомбе.

– Нивните навивачи ме отфрлија, ме нарекоа мајмун. Епа, денеска тој мајмун им ја соблече облеката, и не можат да ми направат нешто по тоа прашање – изјави Гамера.

Поради своето однесување, Мани Гамера експресно е казнет со шестмесечна суспензија, а ќе мора да плати и парична казна од 200 долари, што претставува просечна плата за два месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот