Трендови на нокти за пролет/лето 2020 година

Полка точките и облачињата се најпосакуван тренд на нокти во моментов, но во сезоната на потопли денови ќе бидат актуелни и црвените и сините нијанси.

Шеќерно сината нијанс ана лакт за нокти, како онаа на британската глумица Хелена Бонам Картер и металик шампањ нијансата, како онаа на Џенифер Лопез надоделувањето на SAG наградите, потоа црвената нијанса на Маргот Роби на премиерата на новиот филм Birds of Prey, белата на Лана Дел Реј на „Греми“: првите црвени ќилими од 2020 година веќе ги диктираат трендовите на нокти, кои ќе бидат најпопуларни во претстојната сезона.

Трендовите на Инстаграм

Во меѓувреме, повеќе трендови се популирани на социјалните мрежи. Од нокти со апликации на облаци, кои на површината на ноктите ги рефлектираат нијансите на небото во пастелни тонови, од сина до розова, па сè до french puff кога ноктот има форма на облак или школка, со заоблени контури. Необичен тренд, без сомнение, но можеби и непрактичен.

Исто така, популарен е и маникирот со полка точки, како и трендот на анимал принт -од леопард до желка. Класиците: црвена и сина нијанса, остануваат во модна игра, во сите свои нијанси, од најсветлите до најтемните.

Пастелна пролет

Следната пролет, сепак, пастелните нијанси ќе ја освојат сцената, од нежно розови тонови, до  млечно бели, но и зелените нијанси. Бои, кои, се разбира, мора да бидат избрани внимателно.

Форма на нокти – враќање на квадратот

Сезоната на „канџи“ заврши, а класичните форми се најпопуларни.

За разлика од изминатите неколку месеци, моментно квадратниот облик повторно е најпосакуван, но секогаш е неопходно да се процени структурата на раката и прстите пред да се направи избор.

На пример, за пократки прсти не е идеална квадратната форма на нокти, туку повеќе одговараат зашилени нокти. Од друга страна на долгата рака и прсти одговара квадратната форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот