Трендафилов: Ако ги прашувате работодавачите, уште ќе им работевме за 10.000 денари

Фото: ТВ21

Првиот човек на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов, е оптимист за зголемувањето на минималната плата.

Тој вечерва во гостување на ТВ21 порача дека е неопходно што поскоро да се зголемат платите во државата.

„Ако ги прашувате работодавачите, денеска сè уште ќе им работевме за десет илјади денари, меѓутоа во равенката не се прашуваат само работодавачите, се прашуваат работниците – оние кои им го ствараат капиталот на работодавачите. Добро платени работници се и продуктивни работници. Неопходно е што поскоро зголемување на платите. ССМ е конзистентен во неговите барања – минимална плата од 450 евра побаравме на 1 Мај“, рече меѓу другото Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот