Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучот за носење на решенија од кои придобивка имаат сите

Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика/Фото: МТСП

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска присуствуваше на годишното собрание на Организацијата на работодавци на Македонија. Тренчевска се осврна на досегашните законски решенија во надлежност на Министерството, како и законите чија подготовка е во тек.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека за време на средбата Тренчевска го потенцирала значењето на социјалниот дијалог во едно општество како единствен начин за носење на најсоодветни и најодржливи решенија во согласност со сите релевантни чинители во државата.

– Не треба да заборавиме дека за да постои социјален дијалог, кој нема да биде елемент предвиден само на хартија, мора да постојат силни и независни синдикати и здруженија на работодавци, со капацитет кој ќе им овозможи да бидат рамноправни во преговорите, да има политичка волја и посветеност за одржување на социјалниот дијалог од страна на сите учесници, да се почитува слободата на здружување и правото на колективно договарање, како и соодветна институционална поддршка, посочи таа.

За време на состанокот, од МТСП информираат дека се дискутирало и за обезбедување стабилна политичка и граѓанска клима која ќе им овозможува на синдикатите и здруженијата на работодавци да преговараат слободно, како и за значењето на Економско-социјалниот совет кое како трипартитно тело на национално ниво, изминатиот период, редовно е консултиран за најважните предлог закони, политики и мерки во областа на трудот.

– Министерката изрази заблагодари што ОРМ е секогаш стабилен партнер од доверба, партнер кој ги гледа интересите на целата држава и кој сериозно придонесува за социјален дијалог, онаков каков што треба да биде, основа за креирање на работни места и зачувување на постоечките, за зголемување на продуктивноста, а со тоа и на профитот и платите, економски напредок и обезбедување на социјален мир и праведност, се додава во соопштението од МТСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот