Треба ли Миркуловски да се врати во националниот тим?
Миркуловски кој до сега ги бранеше боите на бундеслигашот Вецлар е секако ракометар со големо искуство, настапувајќи на континенталните собири.
Селекторот на репрезентацијата, Данило Брестовац му даде шанса на младиот Марио Танкоски кој севкупно имаше само два гола во квалификацискиот циклус.
Филип Кузмановски и Филип Талески комбинираат на позициите лев и среден бек. Новиот член на Магдебург како организатор на играта вкупно имаше девет погодоци во овие квалификации, а 20 повеќе Талески кој воглавно го гледаме како лев бек.
Средниот бек Горан Крстевски кој секако претставува уште една голема ракометна надеж, беше во составот само за дуелот со Грција во Струмица, без погодок. Немања Прибак играше само во првите два меча со четири голови против Турците и Грците. Секако не ги забораваме имињата како Филип Чурлевски, Ласко Андоновски, Мартин Манасков, Марко Мишевски кои како „резерви“ ја чекаат својата шанса.
И тука некаде завршува приказната околу позицијата организатор на игра ако ги земеме само завршените квалификации. Погодоците доаѓаа најмногу од десниот бек Лазаров кој беше трет стрелец (43 голови) севкупно во евро квалификациите, делумно од крилата и пивотите.
Миркуловски е еден од играчите заедно со Кирил Лазаров (39), на залез на кариерата, плејмејкерот е четири години помлад од нашиот капитен.
Се поставува прашањето дали популарниот „Жути“ заслужува уште една шанса да го покаже својот квалитет, во овој случај ЕП 2020 во Виена каде што ќе ги играме мечевите од групната прелиминарна фаза.
HANDBALL
Wetzlar verlängert mit Kapitän Mirkulovski: https://t.co/5fS1OGWS5b#SkyHandball pic.twitter.com/JPAH4fwKaO
— Sky Sport News HD (@SkySportNewsHD) December 23, 2018
Човекот кој исто така имаше придонес во освојувањето на историското петто место на ЕП 2012, со големи мечеви во ЛШ со Металург, а еве веќе четири години стекнува и бундеслигашко искуство.
Украинците се едни од ривалите на следниот континентален собир, нивниот селектор Сергеј Бебешко напомена дека играта на Македонија многу ќе зависи од Кире Лазаров, Миркуловски кој пак да напоменеме не беше повикан за ниту еден од квалификациските мечеви, па затоа и можеби на виделина беа несигурната игра, неубедливоста, иако пред себе имавме ривали како Грција, Турција.