Треба да се почекаат фактите од извештаите за причината за смртта на шестгодишната Јана, вели Ковачевски

ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола
ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола /Фото: Фејсбук

На прашањето дали ќе побара одговорност за смртта на шест годишната Јана, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека врз основа на сите извештаи што ќе бидат изнесени од страна на одговорните институции, ќе бидат донесени одлуки во иднина, но вели дека мора да се почека тие да бидат споделени.

Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред се не сум медицинско лице, вели тој.

Утре протест во Битола „Правда за Јана“, родителите го поддржуваат протестот

Коментриајќи ја изјавата на директорот на битолската болница дека се соочуваат со недостиг на кадар, Ковачевски вели дека „имаме здравствен систем што функционира“, со голем број на вработени.

Обезбедени се финансиски средства за негово функционирање од Буџетот за 2023 година и на Министерството за здравство и на директорите е да ги распоредат кадрите во рамките на државата бидејќи се добива впечаток дека на некои места има недостаток, а на некои места каде што најмногу сакаат да работат, на пример во Скопје се јавуваат вишок на кадри. Треба да направат добро распоредување и согласно тоа да функционира системот, додава тој.

За вечерва се закажани протести поради смртта на шестгодишната Јана, која почина по примање на инфузија во битолската болница. Протестите се под мотото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, а ќе се одржат во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола и пред Министерството за здравство во Скопје.

Таткото на девојчето, Стојче Христовски, за „Слободен печат“ вели дека наскоро во јавноста ќе излезе, за да ја објасни целата ситуација како што ја гледал пред неговите очи додека Јана се лекувала во болницата. Вели дека не е противник на сите лекари, но дека има пропусти и во здравствениот систем, и во начинот на кој Јана била третирана во болница кои не смее да се заташкаат. Тоа му е последната утеха во енормната болка со која се соочуваат како семејство, дека ќе се спасат други деца и здравството ќе се разбуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот