Треба да се даде шанса на секое дете што сака балет

Трудот дава најдобри резултати и невозможното знае да се претвори во возможно доколку се посвети многу љубов, амбиција и работа, вели Тамара Ѓурчиновска, балетски педагог во разговорот за „Слободен печат“.

Петнаесет балерини на возраст од 8 до 17 години од Балетското студио „Арт балет“ од Скопје на почетокот на март се закитија со 7 златни, 5 сребрени и 1 бронзен медал на Европското првенство по танц во Москва, Русија, организирано од Светската артистичка танцова федерација, а под раководство на балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска. На Европското првенство во Москва учество земаа над 22 држави од Европа и други континенти, 104 балетски студија и повеќе од 7000 натпреварувачи кои се напреваруваа пред публика од над 70.000 љубители на танцот.

– Многу сум горда што две години по ред „Арт балет“ ја претставува Македонија во Москва на Европскиот танцов шампионат. Навистина патот до таму е многу тежок, самата желба, храброст и подготовка да се отпатува и настапи во Русија бара многу одрекувања и упорност. Горда сум на моите деца, кои навистина имаа голема желба да направат повеќе за себе, да бидат упорни, вредни и посветени, да го вложат својот максимум заедно со мене, две години по ред да се качат на пиедесталот во Москва како европски шампиони. Голема е честа дека после две години добивме признанија и честитки и од Руската амбасада во Македонија, лично од амбасадорот и од Општина Карпош и градоначалникот, ни вели нашата соговорничка Тамара Ѓурчиновска.

Сон на речиси секое девојче во најраната возраст е да стане принцеза или балерина. Сепак, освен желба, треба ли да се имаат одредени физички пропорции за да се почне со балет?   

Најчесто девојчињата од мали се вљубуваат во костимите и елегантните движења на балерините, во нивните мали очиња, тоа е волшебство кое ги маѓепсува веднаш и оттука се првите знаци за интерес за балетот. Според мене, пред сè најважно е да се има желба и љубов за танцување. Секако тука се многу важни и предиспозициите кој за класичниот балет се неопходни, а тоа се талент, музикалност и еластичноста. Но во балетот исто така е многу важна и упорноста и амбицијата, без разлика на талентот кој навистина е многу важен, мора да се биде многу посветен, да се вежба и да се работи напорно.

Прочитајте и...  „Смета дека парите може подобро да се потрошат“ - Принцот Вилијам не дозволува семејството финансиски да му помага на Хари!

Кој може и како да стане дел од „Арт балет“?

Во „Арт балет“ им даваме шанса на сите, од најмали до возрасни. Имаме пробни часови, како аудиции, на кои веднаш се гледа кој има основни предиспозиции и интерес за едукација. Секако им даваме отворено и искрено мислење на родителите за можностите и резултатот, кој го имаат и даваат нивните деца. Но никогаш не сме забраниле или потцениле некој дека не може да вежба. Треба да се даде шанса на секое дете, впрочем тоа и е задача и љубов на педагогот да го пренесе своето знаење на сите, најдобро што умее. Резултатите ги дава секој поединечно, некој побрзо, некој подоцна, но убедена сум, од праксата и долгогодишната работа со деца, дека трудот дава најдобри резултати и невозможното знае да се претвори во возможно доколку се посвети многу љубов, амбиција и работа.

Ви се откажаа ли, или одложија, важни настапи поради коронакризата? Кој е следниот предизвик?

– Да, премногу. Покрај она најважното, а тоа е секојдневното вежбање во сала што е неопходно и многу значајно и за нас и за учениците, тука се и сите семинари, настапи, натпревари и фестивали што се откажаа и кај нас, а и насекаде во светот. „Арт балет“ имаше полна агенда со настани, кои засега се стопирани и не се знае следен датум и дали воппшто оваа година ќе имаме можност да ги оствариме. Имавме планови и подготовки за натпревари во Хрватска, Романија, Белгија и Италија, и нашиот завршен детски балетски концерт, кој требаше да се оддржи на 7 јуни во Националната опера и балет. Но  засега најважно е да почнеме со работа и да го надополниме она што го пропуштивме. Овие месеци нè чека макотрпна работа и посветеност за да се врати сè во нормала.

Прочитајте и...  Валентина Сампаио е првиот трансродов модел во угледниот „Sports Illustrated“ (ФОТО)

На кои откажувања треба да биде подготвено едно девојченце кое покажува талент за балет?

– Професионалниот балет бара многу самоодрекувања и жртви за да се постигне најдоброто, но ние сме Студио за балет за деца и млади каде што, пред сè,  рекреативно се почнува, а тоа не бара многу одрекувања, доволна е желбата, љубовта и редовноста на часовите. Оние пак, кои се определуваат да продолжат понатаму професионално, веќе мора да се повеќе посветени и тоа бара многу повеќе едукација и часови поминати во сала, темелно изучување и методолошка и практична едукација.

Балетската настава не ја продолжувате „онлајн“ зошто?

Мојата линија на размислување отсекогаш е дека училиштата и студијата за балет, танцот, има потреба од простор, сала за танцување, емпатија меѓу ученикот и наставникот што се создава само со контакт во живо. Сè што подразбира теорија, визија за продлабочување на балетот и диктатички и уметнички поими одат многу добро на Интернет, можеби дури и со читање на книги, но тоа не е случај и со практиката. Балетската техника е инструмент што мора да се изучува со максимална прецизност, а студентот, ученикот сè уште ја нема оваа свесност. Она што децата можат да го практикуваат дома се атлетски вежби, зајакнување на мускулите, гимнастички вежби за еластичност и флексибилност.

„Онлајн“ часовите по балет и танц можеби на Интернет изгледаат воодушевувачки, па на луѓето им се чини дека тоа може и така да функционира, но воопшто не е така. Деца кои изучуваат балет и танц кој се темели на многу перфектна и тешка техника која е најважна за нив, посебно во почетоците, е многу тешко и невозможно да се пренесе преку камера и на екран. Процесот на вежбање секако е пропратен и од музика која бара одреден ритам и темпо за вежбање, воедно и нивно заедничко синхронизирање. Иако часовите по балет во нашето студио ни се главен извор на финансии во ова време-невреме, во оваа здравствена и економска криза во светот, одлучивме да застанеме буквално со предавања и едукација и со наплата на часовите. Секако, нашите деца добиваат бесплатни инструкции за одржување на телото и еластичноста со одредени вежби кој нема да им наштетат или погрешно да ги вежбаат. Најважно е да не се учи погрешно, преголемото форсирање по секоја цена да се работи и вежба носи и спротивни резултати. Преку екран и истовремено, десет или повеќе деца не е возможно да ги гледате во секој дел од телото и да ги корегирате и синхронизирате заедно да ги изведуваат вежбите. Кратко и јасно, јас сум против „онлајн“ часови со деца, а сум за „онлајн“ часови за професионалци. По мене е многу е погрешно да се наплати нешто од кое нема да се има никаков резултат. Балетската техника е инструмент што мора да се изучува со максимална прецизност, а ученикот сè уште ја нема оваа свесност.

Прочитајте и...  За што се можете да го употребите шампонот за коса?

Како во времето на домашната изолација децата да ја сочуваат флексибилноста?   

„Арт балет“ на своите ученици од самиот почеток им зададе вежби кои редовно ги практикувавме во загревањето на нашите часови, нешто што децата го знаат и го изучувале со нас, така не би правеле нешто што не треба и што не е правилно. Потоа, вежби за еластичност и флексибилност кои секојдневно треба да ги прават за да не излезат од форма. Се трудиме да ги анимираме од далечина и воедно да им ја оддржиме љубовта кон балетот, а на најмалите – преку гледање на балетски претстави, преку цртање на разни цртежи поврзани со балетот. Тоа го монтираме и во фотографија и видео клип им го испраќаме, а тие се многу радосни и нетрпеливи да продолжат со вежбање во сала.

 

Прочитај повеќе

Неразбрана од општеството, била среќна кога нашла луѓе подеднакво несреќни како неа, од 29 години велела дека е вдовица, а се смета за најталентирана глумица на сите времиња

Слободен печат

Валентина Сампаио е првиот трансродов модел во угледниот „Sports Illustrated“ (ФОТО)

Слободен печат

Првиот возач на автомобил во светот била жена, возела 106 километри со брзина до 40 км на час

Слободен печат

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Слободен печат

Овој домашен спреј против комарци неверојатно делува, а се прави само од две состојки

Слободен печат

„Ролинг Стоунс“ најавија реиздание на албумот од 1973-та, пристигнуваат и три досега необјавени песни

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Која е разликата меѓу парфем, тоалетна и колонска вода?

Слободен печат

Многумина велат дека не успеала да го преболи Винсент Касел: Моника Белучи откри како изгледал нивниот брачен живот

Слободен печат

За што се можете да го употребите шампонот за коса?

Слободен печат

„Смета дека парите може подобро да се потрошат“ – Принцот Вилијам не дозволува семејството финансиски да му помага на Хари!

Слободен печат

Најуникатниот рибен ресторан на светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Танди Њутн го прокоментира односот со Ток Круз: Беше доминантен и се плашев од него на снимањата

Слободен печат