Трауматичниот брак на Џеки Кенеди со Оназис: Ја наместил да ја фотографираат гола! (ВИДЕО)

Една од омилените први дами на Америка, Џеки Кенеди, по смртта на нејзиниот маж Џон Ф. Кенеди, утеха нашла во стариот и пребогат грчки бизнисмен Аристотел Оназис.

Светот бил шокиран бидејќи Џеки се премажила за милијардерот пет години по смртта на Кенеди, а Гркот бил познат како љубител на жени „со тежок карактер“.

Во книгата на американската пејачка Карли Симон, која ѝ била пријателка на Џеки Оназис, напишани се нови детали за нивниот брак.

„Да ја познавав Џеки тогаш, дефинитивно би ѝ рекла да не се мажи со него. Не би ѝ го допуштила тоа, би направила нешто за тоа да не се случи“, рекла Симон, која Оназис го познавала од претходно и вели дека знаела за неговите тајни полиња со нафта, тешкиот карактер поради кој кршел тањири за време на кавгите со бројните љубовници и постојаните гласини дека го нарачал убиството на Роберт Кенеди.“

Прочитајте и...  Фестивалот ЕГЗИТ и официјално е откажан! (ФОТО)

 

Profimedia

Оназис со години бил во врска со оперската пејачка Марија Калас, која ја оставил поради Џеки, но подоцна пак ѝ се вратил. И нејзе емоционално и психички ја уништил, а Џеки со пријателката споделила дека не ја криел аферата од неа.

Profimedia

„Кога одеше да се најде со неа, не ми кажуваше, ама ставаше многу колонска вода пред да се качи на шестчасовниот авионски лет до кај неа. Можеше да се намириса кога ќе слета, пред да ја види. Ама сакаше јас да знам каде оди и да ми даде до знаење дека не сум му сè на светот. Не сакаше да ме остави, за случај да се испостави дека сум совршената жена со која сакал да биде во брак“, се доверила Џеки.

Прочитајте и...  Стефан од „Некст тајм“ за ова лето ќе ви препорача: На гравче во Жван, на пливање во Љубаништe! (ФОТО)

Дури и се фалел со тоа и велел дека е многу богат и дека „му се може“. Со потсмев ја нарекувал „лажна леди“, а во лице знаел да ѝ каже дека е само „обична вдовица“.

Кога во 1972 година се појавиле фотографии на кои Џеки Кенеди е гола, цел свет занемел. Некогашната прва дама го добила прекарот „жбунче од милион долари“.

Џеки била јавно понижена, а за тоа не бил заслужен никој друг туку Аристотел Оназис и како што наведуваат странските медиуми, неговата љубовница Марија Калас.

Џеки во тоа време често му пишувала писма на нејзиниот пријател Розвел. Едно писмо стигнало во рацете на Аристотел. Прочитал дека таа за него мисли дека е „одвратен валкан старец“. Тоа не му пречело колку фактот дека Џеки можеби имала афера со Розвел, додека тој неколку дена претходно потрошил 500.000 долари за 200 пара нејзини чевли.

Прочитајте и...  Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Тогаш почнала одмаздата!

Аристотел Оназис лично го дал точното време и локацијата на островот Скорпиос на кој Џеки ќе шета гола. Кога се појавиле нејзините слики во јавност, Џеки му се јавила, плачела и го молела да се јави во медиумите и да им рече на адвокатите да ја решат ситуацијата.

Foto: Profimedia
Profimedia

Оназис починал во 1975 година во Париз, а покрај него не била Џеки, туку Марија Калас, која му останала верна целиот живот, а токму поради него ја ставила кариерата на страна. Тагувала уште две години и починала, а Џеки Кенеди по смртта на Оназис била ослободена. Со децата се преселила во Њујорк и почнала да работи како литературен уредник, а починала во 1994 година.

 

 

 

Прочитај повеќе

Телото ги разоткрива: 12 чудни симптоми поврзани со високо ниво на стрес

Слободен печат

Антониа Гиговска порасна: Погледнете какви фотки сподели на Инстаграм! (ФОТО)

Слободен печат

Среќните парови ги имаат овие 10 навики: Ако се пронајдете во барем 3, вие сте на вистинскиот пат!

Слободен печат

Иако неговиот лик почина во првиот дел, Расел Кроу се надева дека ќе заигра во продолжението на „Гладијатор“

Слободен печат

Италијанскиот милионер и манекенка на магичен начин открија дека чекаат девојче! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

„Deep Purple“ објавија нова песна: Слушнете ја „Nothing at All” (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата

Слободен печат

Детали за смртта на актерката Наја Ривера: „Го спасила синот, но не и себе“

Слободен печат

Нема да ја препознаете: Пејачката и водителка, Бојана си го смени имиџот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Детаљ број еден за ова лето: Најженствениот моден додаток! (ФОТО)

Слободен печат

Татко и син: Ова е доказ дека крвта не е вода, погледнете го синот на Вељко Ражнатовиќ! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кејт Мидлтон ужива статус на миленичка во кралското семејство – Но, на еден член сепак подрага му е Меган!

Слободен печат