Трас критикувана за нејзиниот „план за раст“: Требаше подобро да го подготвам теренот

Лиз Трас/ Фото EPA-EFE/MILAN JAROS

Британската премиерка Лиз Трас денеска се обиде да ја смири својата партија и јавноста, изјавувајќи дека требало да стори повеќе за подобро „да го подготви теренот” во обид да ја минимизира реакцијата на пазарот поради која фунтата падна на рекордно ниско ниво и се зголемија трошоците за задолжување на владата.

На првиот ден од годишната конференција на нејзината владејачка Конзервативна партија, Трас, која на чело на партијата и владата дојде пред помалку од еден месец, покажа помек тон додека се обидуваше да ја увери јавноста дека ќе се грижи за неа во текот на тешката зима и периодот што следи.

Но, таа се задржа до својот „план за раст“, ​​што беше критикуван од инвеститорите и економистите за дополнителните трошења од милијарди фунти, нудејќи многу малку детали за тоа како тој ќе се исплати на краток рок.

– Ја разбирам нивната загриженост за она што се случи оваа недела. Останувам на пакетот што го објавивме и стојам на фактот дека брзо го објавивме затоа што моравме да дејствуваме, но прифаќам дека требаше подобро да го подготвиме теренот – рече Трас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот