Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек” се акт на саботажа

 Британската премиерка Лиз Трус и нејзината данска колешка Мете Фредериксен денеска се согласија дека инцидентите на гасоводот „Северен тек” „претставуваат акт на саботажа”.

„Фредериксен ја информираше британската премиерка за штетата предизвикана на гасоводите „Северен тек” во текот на минатата недела. Тие се согласија дека инцидентите јасно претставуваат акт на саботажа”, наведуваат од кабинетот на премиерката Трас, а пренесоа британските медиуми.

Двете лидерки се согласија дека општата безбедност и безбедност на Балтичкото Море е во интерес на сите.

Теми на разговор биле и соработката во областа на безбедноста и производството на енергијата од ветрот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот