Трас ги замоли Конзервативците: Верувајте во мојот економски план
Британската премиерка Лиз Трас побара од нејзината Конзервативна партија да и верува, ветувајќи дека ќе ја води Британија низ „бурните денови“ и ќе ја трансформира стагнантната економија, во обид да го врати нејзиниот авторитет над партијата, која го зголеми незадоволството од новата премиерка.
Обраќајќи им се на конзервативните пратеници и членовите на годишната конференција опкружена со внатрешни расправии, Трас се обиде да ја увери партијата, јавноста и инвеститорите дека нејзиниот план е вистинскиот начин за повторно поттикнување на растот.
Трас се наоѓа под голем притисок во јавноста и во нејзината партија, во време кога Британија се мачи со тешка економска криза.
„Подготвена сум да направам тешки избори. Можете да ми верувате да го направам она што е потребно. Статус кво не е опција“, им рече таа на партиските членови во Бирмингем.