Трас: Британија ќе направи сè што е потребно за да ги ослободи осудените војници од Доњецк

Лиз Трас/ Фото EPA-EFE/MILAN JAROS

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас изјави дека британската влада ќе стори „сè што е потребно“ за да обезбеди ослободување на двајцата Британци осудени на смрт од руските сепаратисти во Доњецк.

Шон Пинер и Ејден Аслин беа заробени додека служеа во украинската армија и беа судени како платеници, во она што беше опишано како „незаконско“ судење во самопрогласената Народна Република Доњецк минатата недела.

Трас не ја отфрли можноста директно да преговара со проруската Народна Република Доњецк, но одби да навлегува во детали.

„Правам сè што можам, на најдобар начин што можам – на начин на кој оценувам дека е најефективен – за да ги ослободам овие луѓе“ вели таа.

Таа изјави дека „најдобриот пат“ за нивно ослободување бил преку Украинците, повторувајќи дека двајцата мажи биле воени заробеници и дека треба да се постапува според Женевската конвенција.

„Работиме целосно на ова“, изјави таа за Би-Би-Си.

Премиерот Борис Џонсон ги повика своите министри да направат „се што е во нивна моќ“ за да ја обезбедат слободата на двајцата.

Двајца Британци и Мароканец се под закана од смртна казна во Доњецк поради војување за Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот