Трансродовата актерка интимните делови ги покри со црна лента (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Лаврин Кокс (47) ѕвездата на серијата „Портокаловата е нова црна“, на вчерашната премиера за „Ангелите на Чарли“ во Лос Анџелес, ги шокираше обожавателите со модната комбинација. На црвениот тепих таа се појави во проѕирен фустан без долен веш. Комбинацијата ја надополни со проѕирни штикли, а брадавиците ги прекриј со две црни ленти.

Profimedia

Во серијата глумеше фризерка и затвореничка по име Софија Бурсет, а исто така таа е првата трансродова жена која добила восочна фигура во музејот Madame Tussauds.

Profimedia

И покрај тоа што се родила како маж, таа секогаш се чувствувала како жена, а стигна и на првото место на Guardian World Pride Power листата која ги истакнува највлијателните ЛГБТ личности на светот.

„Мислев дека светот никогаш нема да ме прифати таква каква што сум. Веќе напишав и проштални пораки во кои барам да ми се обраќаат како на жена после смртта. Мило ми е што останав жива“ , раскажала Кокс која во средно училиште била изложена на насилство од своите врсници. Колку сакала да „искочи“ од сопствената кожа зборува и фактот дека размислувала за самоубиство откако се вљубила во момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот