Трансродова жена добила удар во тестисите на аеродром во Њујорк

Фото: принтскрин

Трансродова жена останала во солзи на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк, откако тврдела дека агентка на Службата за безбедност во авиотранспортот (ТСА) ја удрила во тестисите додека минувала низ обезбедувањето, пишува „Њујорк пост“.

Жртвата, за чијшто идентитет се знае само името Мара од профилите на социјалните мрежи, се огласи за инцидентот, велејќи дека службеничката „ја „понижила пред сите“. Серијата објави подоцна беа избришани од Твитер.

„Здраво, еден агент на ТСА на аеродромот „ЈФК“ ме удри со тупаница во гениталиите, ми викаше дека имам пенис (?) и ме понижи пред сите откако ѝ реков да престане“, напиша таа во описот на фотографијата на која се гледаше како плаче во тоалетот на аеродромот, според скриншот од објавата.

Фото: Твитер

Но, срамот не запрел тука, вели таа.

„Таа ме следеше во женскиот тоалет и почна да зборува за мене со колешката, додека јас плачев“, напиша таа, барајќи совет за тоа што треба да прави од корисниците на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот