Трансферот во Сити е се поизвесен, Роналдо побара да си замине од Јувентус

По секоја цена сака да си оди од Торино и Серија А/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Напаѓачот на „старата дама“, Кристијано Роналдо дефинитивно одлучи до крајот на преодниот рок да си замине од Торино и Серија А, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Португалецот од челниците на екипата побарал да биде продаден и тоа една година пред истекот на договорот.

Најверојатно следен клуб на Роналдо ќе му биде Манчестер сити кој откако не успеа да го донесе Хари Кејн, се фокусира на трансфер на португалскиот репрезентативец.
Јувентус за својот фудбалер бара помеѓу 28 и 30 милиони евра, додека Манчестер сити сака да го донесе Роналдо без обесштетување и нуди размена. Откако и агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш, не успеа да ги убеди челниците на Јувентус за размена, Сити наводно се согласил да плати 25 милиони евра обесштетување и да го комплетира трансферот на Роналдо. 

Романо наведува дека челниците на Јувентус во наредните часови откако Роналдо поднесе барање да биде продаден, се очекува да пристигне официјална понуда од Сити за да се подтигне договор што е можно побрзо.

Роналдо наводно веќе ги договорил личните услови со „граѓаните“, тој се очекува да потпише двегодишен договор кој ќе му носи 15 милиони евра нето годишна плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот