Трансферот на Роналдињо во англискиот премиерлигаш кој можеше да ја смени историјата, се беше договорено, дресовите беа подготвени, а тој ги изигра во последен момент

Бразилскиот волшебник со топката, наместо во Барселона лесно можеше да се случи да заврши во Манчестер јунајтед со кого ги договори сите детали од трансферот.

Роналдињо беше најголемата ѕвезда во преодниот рок во 2003 година кога од ПСЖ се пресели во Барселона и имаше клучна улога во враќањето на големата сцена на каталонскиот тим.

Но малку е познато дека Роналдињо беше договорен да потпише за Манчестер јунајтед, но во последен момент се премисли и ја избра Барселона.

Ова информација ја потврди и поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс.

– Сер Алекс Фергусон реши се околу договорот со Роналдињо. Клубот веќе се подготвуваше за свечено претставување, а беа подготвени и дресовите на Јунајтед со бројот и името на Роналдињо. Но, тогаш Роналдињо буквлано во последен момент го промени своето мислење и премина во Барселона.

Бев толку бесен на него, како и сите играчи на Манчестер јунајтед, бидејќи бев воодушен од помислата дека ќе добијам таков соиграч како што беше Роналдињо. Тој требаше да биде Ерик Кантона на нашата генерација, меѓутоа наместо во Манчестер замина во Барселона.

Неколку дена подоцна откако го официјализира трансферот во Барселона игравме пријателски натпревар токму против нив и сите го „тепавме“ Роналдињо, му правевме груби прекршоци за да му се одмаздиме бидејќи не изигра – открива Сколс во интервјуто за Би-Би-Си радио 5.

Фудбалерите на Јунајтед имаа причина да бидат бесни на Бразилецот бидејќи тој во Барселона покажа каков играч е. Ја предводеше Барселона до две титули во Ла Лига и една во Лигата на шампионите, а притоа ја освои и зланата топка за фудбалер на годината.

Роналдињо ја прероди Барселона. Клубот во тие времиња имаше тежок период, а промената по неговото доаѓање беше неверојатна – признава Лионел Меси, актуелната прва ѕвезда на Барселона и на светскиот фудбал.

Но, ниту Манчестер јунајтед не помина лошо откако беше изигран од Роналдињо бидејќи парите ги вложи во тогаш младиот 18-годишен фудбалер на Спортинг, Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот