„Трансфермаркт“: Вртоглаво скокна цената на Елмас! (ФОТО)

Со своите многу добри игри сега и во италијанскиот вицешампион предводен од славниот тренер Карло Анчелоти уште повеќе го привлекува вниманието.

Сеуште нема погодок за Наполи, но првиот гол сигурно ќе му даде уште поголема мотивација на еден од нашите најталентирани фудбалери.

Според „Трансфермаркт“ драстично скокна цената на нашиот интернационалец, неговата вредност сега изнесува 17 милиони евра.

принтскрин/Трансфермаркт

На оваа листа најскапи македонски фудбалери зад македонскиот фудбалски „Дијамант“ е Енис Барди (Леванте) кој вреди 15 милиони евра, а зад нив е играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми кој е проценет на шест милиони евра.

Пред три години, поточно 26 мај 2016 Елмас во дресот на Работнички вредеше „само“ 150.000 илјади евра на 16-годишна возраст.

На 12 февруари 2018 год. во дресот на турскиот гигант Фенербахче цената му беше половина милион евра на 18-годишна возраст. Минатиот месец наполни 20 години, а пред четири месеци, односно на 4 јуни како играч на Фенербахче вредеше 10 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот