Трансфер утка на годината, купиле погрешен играч
Менеменспор, новиот второлигаш, односно повратник помеѓу професионалните екипи во Турција, направи аматерска грешка поради која му се смее фудбалска Европа. Менеменспор купи погрешен фудбалер. Проблемот настана во презимето, турците сакаа да го ангажираат Ламин Јало од Салернитана кој минатата сезона во Серија Б постигна шест голови, но го купија Алфа Јало.
Самиот фудбалер не можеше да поверува, играше во аматерската трета лига во Португалија и отпатува во Турција да потпише договор, а неговиот тим Алкошетененсе ги испрати документите за трансферот во Турската фудбалска федерација.
Меѓутоа откако увидоа дека направиле утка на годината, челниците на клубот од Измир го стопираа трансферот, а во јавноста пуштија информација дека фудбалерот не ги поминал лекарските прегледи.
На вистинскиот Јало кој е репрезентативец на Гамбија, исто како и Алфа Јало, првиот клуб за кој настапуваше во Италија, му беше прволигашшот Киево но не успеа да се наметне и потоа играше во второлигашите Чезена, Трапани и Салернитана.