Трансфер сапуница: Барселона го одби Јувентус, а Интер ги одби каталонците

Преговорите за евентуалните размени се ставени на стенд-бај поради големите разлики во барањата на италијанските екипи.

Барселона ја одби понудата на Јуевнтус во која главна ѕвезда требаше да биде Миралем Пјаниќ. Причината за тоа се преголемите апетити на италијанскиот тим кој откако доби потврда дека Артур не се согласува да се пресели во Торино, го побара младиот Ансу Фати за кого би доплатиле, но оваа нивна идеја веднаш беше одбиена и Барселона ги прекина преговорите.

Каталонскиот тим во младиот Ансу Фати го гледа наследникот на Лионел Меси и веќе му подготви нов побогат договор со што сака да му порача дека во него го гледа лидерот на тимот во иднина.

Освен што се искомпликува трансферот на Пјаниќ,Барселона е во опасност да не го реализира и трансферот на Лаутаро Мартинез кој е означен како прва и приоритетна мета во летниот преоден рок.

Интер ја одби понудата на Барселона, Артуро Видал да биде дел од размената бидејќи сакаат да го купат за 10 милиони иако каталонскиот клуб нема намера да го продава за помалку од 20 милиони евра.

Директорот на Интер, Бепе Марота, е согласен да го добие Нелсон Семедо или евентулано Кансело но бара Барселона да доплати уште 90 милиони евра за Лаутаро. Овие барања на Интер се премногу за челниците на Барселона и засега ги замрзнаа преговорите со италијанците.

Од друга страна Марота сака со тие 90 милиони евра да финансира доаѓање на неколку фудбалери, а меѓу нив е и Единсон Кавани.

Тренерот Антонио Конте во Кавани го гледа идеалниот наследник на Лаутаро, но останал шокиран од барањата на агентот на Уругваецот. Кавани бара 30 милиони евра нето за тригодишен договор, сума која му ја нуди Атлетико Мадрид.

Оваа сума е преголема за Интер бидејќи со даноците, „нероаѕурите“ ќе мора да издвојат околу 50 милиони евра за напаѓачот на ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот