Трансфер сапуница: Де Јонг се договори со Манчестер јунајтед, но Барселона која прво го бркаше – сега не го пушта

Френки де Јонг/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека Френки де Јонг не е на продажба иако минатиот месец зборуваше дека неговото заминување ќе ја наполни касата на каталонскиот тим и со парите ќе можат да се финансираат неколку трансфери.

Минатата недела Барселона се договори со Манчестер јунајтед за 65 милиони евра вредниот трансфер на Де Јонг, но тогаш фудбалерот изјавуваше дека не сака да си оди.


Сега кога Холанѓанецот најде заеднички јазик со „црвените ѓаволи“, се премисли првиот човек на Барселона.

– Френки де Јонг е фудбалер на Барселона и се додека не бидеме приморан или имаме интерес да го продадеме, ние не сакаме да се ставиме на трансфер пазарот. Знаеме дека Де Јонг има понуди. Ако во одреден момент бидеме заинтересирани за продажба, ќе ги разгледаме, но засега Барселона нема намера да го продава Де Јонг – изјави Лапорта.

Френки де Јонг на „Камп Ноу“ пристигна во 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра и холандскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот