Трансфер на „Енфилд“: Конате од Лајпциг во редовите на Ливерпул
Денеска Ливерпул објави дека нивни нов играч е Ибраима Конате кој доаѓа од екипата на Лајпциг..
22-годишниот одбранбен играч, кој е дел од У21 репрезентацијата на Франција, потпиша долгорочен договор со „црвените“.
Го носеше дресот на Лајпциг од 2017 година со 95 настапи и четири голови, а претходно беше дел и од Сошо.
– Навистина сум среќен што се приклучив на таков голем клуб како Ливерпул. Ова е навистина возбудлив момент за мене и за моето семејство и навистина се радувам да ги запознам моите нови соиграчи, вработените и да започнам ново поглавје.
Во моментов, мојот фокус е на Европското првенство до 21 година со Франција, но по ова натпреварување знам дека ќе му се придружам на еден од најдобрите тимови во светот и тоа ми дава одлично чувство – вели Конате.