Трансфер бомба, семејството на Мбапе се договори со Реал

Ништо од големиот трансфер, Мбапе останува „светец“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Фудбалерот на ПСЖ кој последните неколку години е на мета на Реал Мадрид, се чини дека конечно го договори трансферот во „кралскиот клуб“.

Познатиот фудбалски менаџер Бруно Сатин тврди дека трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид е договорен и останува уште двата клуба да се договорат за висината на обесштетувањето и динамиката на плаќање на истото.
Мбапе е на радарот на Реал Мадрид уште од 2016 кога блесна во дресот на Монако, но одличниот напаѓач наредната година потпиша за ПСЖ.
До крајот на договорот со „светците“ му останува само уште една сезона, а не е тајна дека одолговлекува со потпишување на нов договор, односно ги одби сите понуди за да остане на „Паркот на принцевите“.
Се шпекулираше дека веќе ги договорил личните услови со Реал Мадрид, а сега за прв пат ваква информација доаѓа од сериозен извор, фудбалски менаџер.
– Јас верувам дека Мбапе е подготвен да ја смени екипата. Исто така имам информации дека тој и неговото семејство се договорија со Реал Мадрид. Потребно е да се согласи самиот фудбалер, но и да се согласи и ПСЖ. Очигледно е дека сопствениците на ПСЖ се одлучија да не го пуштат Мбапе и поради тоа мора да го одработи својот договор до крајот и потоа да си оди како слободен играч – изјави Сатин за „Канал плус“.
Шпанските весници „Марка“ и „Ас“ тврдат дека трансферот сепак ќе се случи ова лето и дека Перез ќе најде начин да се договори со сопствениците на ПСЖ бидејќи следната година Мбапе би си заминал без пари. Според весниците, вредноста на трансферот ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Видео на денот