Трампа во Нагорно Карабах под руско присуство: Азербејџан и Ерменија разменија тела на 200 убиени во конфликтот

Фото: EPA-EFE/LUSI SARGSYAN / PHOTOLURE PICTURE MADE AVAILABLE TODAY

Азербејџан и Ерменија денеска разменија тела на 200 загинати во регионот на Нагорно-Карабах, соопштија руските државни медиуми, повикувајќи се информации на Црвениот крст.

– Телата беа разменети во присуство на руските мировници, изјави шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер.

Повеќе од 1.000 лица се убиени во шестнеделниот конфликт меѓу Азербејџан и соседна Ерменија за регионот на Нагорно-Карабах. Територијата која веќе 25 години беше контролирана од Ерменците, Обединетите нации ја сметаат за дел од Азербејџан.

Со последната воена офанзива, што почна на 27 септември, Азербејџан оствари значителни територијални придобивки, а како дел од мировниот договор постигнат минатата недела меѓу двете земји и руската страна, Ерменија му отстапи делови од овој регион на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот