Трамп загубил меѓу две и пет милијарди долари откако е претседател

Фото: Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на претседателскиот мандат можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари.

– Да сум повторно во таа ситуација би го направил истото бидејќи кому му е грижа, ако можеш тоа да си го дозволиш тогаш не е важно- истакна Трамп.

Тој бил вознемирен што морал да се откаже од својот план за организирање состанок на врвот на Г7 во своето голф летувалиште во близина на Мајами.

Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, а беше обвинет и дека профитира од претседателската функција.

Трамп ја отфрли, како што ја нерува, „наводата одредба за заработувачка” во американскиот Устав, со која им се забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.

Неговите деца презедоа поголем дел од водењето на семејниот бизнис.

– Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето- додаде шефот на американската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот