Трамп задоволен од републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен поради тоа што членовите на Републиканската партија во Претставничкиот дом речиси едногласно гласаа против резолуцијата за расизмот поднесена од демократите.

Трамп своето задоволство го искажа во денешно соопштение на Твитер. Од вкупно 191 републкански членови на Претставничкиот дом присутни на гласањето, 187 гласаа против резолуцијата.

Претходно, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат расистичките коментари на претседателот за четири демократски членки на Конгресот од малцинските заедници.

Квалификациите кон Александра Оказио Кортез, Илхар Омар и уште две конгресменки, дојдоа по нивните зачестени критики за лошите услови во кои се држат бегалците на границата со Мексико и други проблеми со кои се соочува Администрацијата на Трамп.

Претседателот преходно порача дека тие треба да ги напуштат САД „ако не се задоволни” од тоа како стојат работите во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот