Трамп за уривањето на украинскиот авион во близина на Техеран: Некој можеби направил грешка

Тројца службеници соопштиле дека авионот бил срушен по грешка од страна на руска ракета, а од Пентагон проценуваат дека до инцидентот дошло „случајно“.

Украинскиот авион кој падна недалеку од Техеран, бил погоден со ракета за противвоздушна одбрана, најверојатно по грешка, пишува „Њузвик“, повикувајќи се на свои извори од Пентагон и разузнавачки служби на САД и Ирак.

Тројца службеници соопштиле дека авионот бил срушен по грешка од страна на руска ракета, а од Пентагон проценуваат дека до инцидентот дошло „случајно“.

И американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби е направена грешка“, додавајќи дека има ужасно чувство во врска со тој случај, но не откри пповеќе детали.

– Некој можеби направил грешка – изјавил Трамп за новинарите во Белата куќа.

Засега не се познати повеќе информации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот