Трамп за телефонскиот разговор со Зеленски: Не кажав ништо тенденциозно

Фото: EPA

Американскиот претседател Донад Трамп денеска изјави дека не кажал ништо тенденциозно во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако повеќе медиуми објавија исказ од анонимен информатор од Белата куќа, дека Трамп барал од Зеленски да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Трамп на новинарите им објасни дека годинава на 25 јули имал „прекрасен” разговор со Зеленски, и дека претседателот не е против барањето на демократите, личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, да сведочи во Конгресот.

Според американските медиуми, за време на разговорот Трамп околу осум пати му повторил на Зеленски да започне истрага за синот на Бајден. Свиркачот од Белата куќа укажал дека Трамп го убедувал украинскиот претседател да соработиа со Џулијани за прашања околу истрагата, која би можела да наштети на кампањата на Бајден.

Поранешниот потпретседател засега е прв во прелиминарната трка за номинација на претседателски кандидат од Демократската партија, кој ќе му се спротивстави на Трамп на изборите идната години.

Трамп и Џулијани од поодамна повикуват на истрага за бизнисите на Хантер, помладиот син на Бајден, откако некои новинарски извештаи укажаа дека една украинска енергетска компанија се обидувала да влијае на односите помеѓу САД и Украина откако синот на Бајден добил висока позиција во таа компанија.

Демократитете се загрижени и го осудуваат начинот на кој Трамп „со помош на странски лидер” сака да му наштети на Бајден.

Бајден на ова одговори дека „спремноста на претседателот Трамп да ги злоупотреби своите надлежности и да ја понижи земјата нема граници”. Тој го повика Трамп да објави стенограм од разговорот со Зеленски за „Американците да дадат независна оценка”.

Во коментар за можното објавувње на стенограми, државниот секретар Мајк Помпео изјави дека се работи за „доверливи разговори на светски лидери, и би било неумесно (нивното објавување), освен ако околностите се вонредни”.

Од канцеларијата на Генералниот инспектор на разузнавачката заедница на САД го оценија извештајот на информаторот кој бил предаден на 12 август како „сериозен” и „вонреден” проблем кој во нормална ситуација треба да биде предаден на Конгресот.

За Трамп пак, објавата е „уште една политичка дубара”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот