Трамп за своето здравје: Се е многу добро!

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп по првата фаза од годинешниот систематски преглед синоќа објави дека неговото здравје е „многу добро”.

– Се е многу добро (одлично!). Ќе го завршам прегледот следната година, напиша Трамп на Твитер по прегледот во Националниот воено медицински центар „Волтер Риџ” во Вашингтон.

Трамп се сретнал и со лекарите од болницата и им се заблагодари за грижата за американските војници, како и со членовите на семејствата на повредените припадници на специјалните сили повредени во Авганистан.

Познато е дека американскиот претседател не се воздржува од хамбургерите и дека не сака да вежба, па во 2017 година доби на тежина и е гојазен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот