Трамп за ситуацијата со Иран: Си играат со оган! – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп за ситуацијата со Иран: Си играат со оган!

Трамп на прашањето на новинарите дали има порака за Техеран, одговори дека нема, но напомена и дека Иран „знае што прави“, како и тоа дека си „играат со оган“.

Претедателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран „си играат со оган“, бидејќи Техеран објави дека ги пробиле ограничувањата на резервите со збогатен ураниум предвидени од договорот со светските сили.

Трамп на прашањето на новинарите дали има порака за Техеран, одговори дека нема, но напомена и дека Иран „знае што прави“, како и тоа дека си „играат со оган“.

„Немам порака за Иран. Знаат што прават. Мислам дека си играат со оган – рече американскиот претседател.

Белата куќа и порано реагираше на најавата на Иран, велејќи дека „Сад и нивните партнери никогаш нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close