Трамп за прославата на Денот на независноста – Ова е „шоу на животот“!

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше домаќин на прославата на Денот на независноста во Вашингтон, при што оддаде почит на војската, потег што го поздравија неговите поддржувачи, додека противниците го критикуваа, бидејќи тој самиот се стави во центарот на вниманието на денот на празникот што е посветен на единство.

Говорејќи пред споменикот подигнат во чест на Абрахам Линколн, Трамп ја нарече приказната за Америка – „најголемо политичко патување во историјата на човештвото” и ги повика Американците да остане „верни на нашата цел.”

Во еден момент, Трамп дури вети дека Американците наскоро ќе го постават знамето свое на Марс. Трамп ја нарече церемонијата – „Шоу на животот”!

Додека американските претседатели во минатото традиционално остануваа настрана Трамп директно го презеде управувањето со прославата, пренесува Гласот на Америка.

Прочитајте и...  Двајца доктори сопружници од „Систина" позитивни на КОВИД-19

Трамп ја нарече историјата на САД „еп на големата нација”.

– Додека се собираме овде, оваа вечер и се радуваме на слободата се сеќаваме дека ние делиме навистина исклучително наследство. Заедно, ние сме една од најдобрите приказни некогаш раскажани – изјави Трамп.

Тој додаде дека Американците ја сакаат својата слобода и дека никој никогаш нема да им ја одзеде.

– Нашиот народ денес е посилен од било кога – рече тој.

Трамп даде посебно признание за секоја од генерациите на Армијата на САД и ги повика младите Американци да размислат да направат кариера во армијата.

Најголем дел од централното одбележување на 243. годишнината од Денот на независноста на САД беше на просторот меѓу зградата на Конгресот и на споменикот на Џорџ Вашингтон, основачот на САД и на првиот американски претседател.

Прочитајте и...  Медицинска сестра од болницата во Јесенице заразена со коронавирусот

Настанот традиционално заврши со огномет, кој Трамп го најави како најдолг и најспектакуларен во историјата.

Американски медикуми сметаат дека трошоците за прославата ќе бидат неколку стотици милиони долари.

Паралелно со прославата организирана од Доналд Трамп, традиционален концерт беше одржан на Капитол Хил, како и протести на женската антивоена организација Code Pink.

Денот на независноста или прославата на четврти јули е национален празник што слави усвојување на Американската декларација за независност на 4 јули 1776 година, со што е прогласена независност од Велика Британија.

Прочитај повеќе

Кај членови на едно семејство од 10 позитивни, само еден е со симптоми

Слободен печат

Благ пораст на новозаразени со коронавирусот во Австрија

Слободен печат

Во тетовско од 12 новозаболени има и на возраст од 10 до 20 години

Слободен печат

Филипче: Има 11 случаи на заразени здравствени работници во болницата „8 Септември“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Вториот бран сметаме дека ќе трае многу кратко, вирулентноста значително слабее (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Околу 15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ВО ЖИВО: Филипче ќе информира за состојбата со коронавирусот во државава

Слободен печат

Дука: Битката со невидливиот непријател ја добивме, но не и војната

Слободен печат

Активисти за човекови поднесоа тужба против Трамп

Слободен печат

Штипските текстилни и кожарски фабрики ја почитуваат уредбата за забрана за работа

Слободен печат

Петровска: Ќе следуваат кривични за случајот во винаријата Чардак на „Боемска“ (ВИДЕО)

Слободен печат

МЗ: Во последните 24 часа регистрирани 180 нови случаи на ковид-19

Слободен печат