Трамп за парадата од 2,5 милиони долари: Малку чини во споредба со тоа колку вреди

Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп распоредува тенкови, бомбардери и друга воена машинерија за прославата на Денот на независноста – 4 јули.

Парадата ќе чини околу 2,5 милиони долари.

Трамп на Твитер напиша дека тоа ќе биде „претстава на животот”.

– Трошокот за нашиот голем Поздрав на Америка утре ќе биде многу мал во споредба со тоа колку вреди, напиша Трамп.

– Имаме авиони, имаме пилоти, аеродромот е блиску, само ни треба гориво. Имаме тенкови и се. Огнометот го подаруваат двајца великани. Убаво !, напиша Трамп.

Пентагон се обидува да организира прелети на Б-2 стелт бомбардери и други воени авиони над Националниот мол, парк во кој се собираат граѓаните во Вашингтон.

На парадата ќе учествуваат борбени авиони Ф-35 и Ф-18, акробатски тим „Сини ангели”, хеликоптери на армијата и крајбрежната стража и Марин В-22 Оспреис.

Две борбени возила „Бредли” денеска се видени во близина на Меморијалниот центар Линколн, каде Трамп ќе одржи говор на прославата на Денот на независноста.

Мал број борбени тенкови „Абрамс” од 60 тони се испратени во Вашингтон по железница, за да бидат поставени во близина на Националниот Мол, иако Владата на Дистриктот Колумбија возврати вербално.

„Tanks, but no tanks” (Тенкови, но не тенкови), напишаа тие на Твитер, што може да се протолкува  и како игра на зборови, затоа што при изговор, зборот „тенкс” може да се протолкува и како „благодарам”, па пораката би можела да гласи и „Благодарам, но не тенкови”.

Потсетуваат и дека Пентагон минатата година соопшти дека челичните гасеници можат да ги оштетат градските улици.

Дистриктот Колумбија соопшти дека очекува од федералната Влада да плати за сите оштетувања што ќе ги предизвикаат тенковите.

Американската армија им порача на жителите на Вашингтон да не паничат ако видат тенкови на улиците на парадата по повод Денот на независноста.

Над Националниот Мол ќе се појави и претседателскиот авион Ер форс 1 и хеликоптерот Марин 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот