Трамп воведува „тешки санкции“ за иранскиот врховен лидер

EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со кој, како што рече, се воведуваат „тешки санкции” за иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Трамп изјави дека санкциите следуваат по „низата агресивни постапки на иранскиот режим во последните недели, меѓу кои и соборувањето на американско беспилотно летало”.

– Го продолжуваме притисокот на Техеран – изјави американскиот претседател, појаснувајќи дека санкциите би можеле да бидат во сила „со години”.

– Санкциите наведени во укаозт, ќе го спречат иранскиот врховен водач, неговиот тим и другите со кои е блиско поврзан да имаат пристап до основните финансиски средства – потенцира Трамп.

Министерот за финансии Стивен Мнучин изјави дека „милијарди ирански средства” ќе бидат замрзнати, и дека до крајот на неделава цел на санкции ќе биде и миранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот