ТРАМП ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА! Светот е на раб од најголемиот конфликт во областа на економијата!

Фото: EPA

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе вонредна состојба со цел да ги заштити американските компјутерски мрежи од нападот на „странските противници“.

Тој потпиша наредба со која се спречуваат американските компании да користат странски телекомуникации за кои се верува дека претставуваат ризик за националната безбедност.

Не е познато поради која компанијата беше воведена вонредната состојба, но се верува дека станува збор за „Huawei“.

Раководството на кинескиот технолошки гигант вели дека оваа мерка ги ограничува операциите во САД и само ги повредува американските потрошувачи и компании.

Неколку земји, предводени од САД, изразија загриженост во последниве неколку месеци дека Кина ги користи производите на „Huawei“ за контрола. Во прилог на оваа ситуација, Министерството за трговија ја стави „Huawei“ на „Ентитет листата“, што значи дека на компанијата и забрането да купува технологија од американските компании без одобрување на владата.

„Huawei“ беше во центарот на американско-кинеската борба за доминација во светската политика во текот на изминатата година.

Што пишува во наредбата?

Белата куќа вели дека американскиот претседател има за цел да ја заштити САД од напади на „странски противници“ кои активно се обидуваат да ги искористат недостатоците на информатичките и комуникациските технологии.

Оваа наредба му дава моќ на министерот за Трговија за забрана на трансакции кои претставуваат ризик за националната безбедност, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот