Трамп во вторник ќе се предаде на судот во Њујорк

Фото: Профимедиа

Доналд Трамп ќе се предаде на обвинителството во Њујорк во вторник, рече неговиот адвокат, инсистирајќи на тоа дека поранешниот претседател „нема да биде ставен во лисици“. Џо Такопина додаде дека обвиненијата – првото кривично обвинение во историјата на поранешен претседател на САД – се однесуваат на плаќања за купување на молкот на порно актерката Сторми Даниелс.

Њујоршкиот обвинител Алвин Брег побара Трамп да му биде предаден на судот до денеска, но овој рок беше продолжен поради барањата на американските тајни служби, поврзани со посебните услови за предавање на важна личност како што е поранешниот шеф на државата, изјави извор за Фокс њуз.

Поранешниот американски претседател беше обвинет во петокот, како дел од повеќегодишната истрага на окружниот обвинител на Менхетен, за тајни плаќања, вклучувајќи 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс и 150.000 долари на поранешниот модел на Плејбој, Карен Мекдугал.

Американски медиуми претходно објавија како изгледа протоколот по покренување обвинение – по предавањето во полициска станица се земаат отпечатоци, обвинетиот се фотографира и се земаат неговите основни информации, по што обвинетиот е задржан најмалку неколку часови.

Обвинетиот мора да го предаде мобилниот телефон и другите лични работи, а адвокатите често не можат да бидат со обвинетите кога ќе поминат низ овој процес и ги советуваат да не даваат никакви изјави.

Одлуката да се поднесе обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп уследи по истрагата за тоа дали Трамп фалсификувал деловни документи кога преку својот адвокат и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да зборува за нивната наводна афера, објавија претходно американските агенции.

Трамп е првиот американски претседател во историјата кој ќе биде кривично гонет.

Инаку Гувернерот на Флорида Роналд ДеСантис денеска изјави дека државата со која управува „нема да помогне“ во какво било можно барање за екстрадиција испратено од окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, поради, како што рече, „сомнителни околности“ поврзани со обвиненијата против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Што е следно ако Трамп утре навистина биде уапсен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот