Трамп во посета на Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Американскиот претседател Доналд Трамп, следниот викенд ќе оди во дводневна посета на Јужна Кореја.

Посетата е најавена откако Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги обновиле преговорите, со цел за оживување на преговорите со Пјонгјанг, за да се стави крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Трамп во соседството на Пјонгјанг, во Јужна Кореја,  би требало да стигне во сабота, а состанокот со претседателот Мун Џае Ин е закажан за во недела, после самитот на лидерите на Г-20 во Јапонија, најави портпаролот на јужнокорејскиот претседател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот