Трамп во наредните две недели планира да одржува митинзи

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Во наредните две недели актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, планира да продолжи да одржува митинзи како дел од кампањата за претседателските избори во ноември, изјави неименуван службеник задолжен за изборната кампања на Трамп.

Поради пандемијата на коронавирусот, последниот таков собир Трамп го одржа на 2 март во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, а неговите соработници тврдат дека тој едвај чекал да почне повторно теренската кампања, јавија американски медиуми.

Сепак, не е јасно кога и каде ќе се одржи следниот предизборен митинг, а тој функционер вели дека, заради Ковид-19, се уште се прават мерки за заштита на оние кои ќе присуствуваат.

Менаџерот за кампања на Трамп, Бред Парскале, ќе претстави одредени опции на Трамп во наредните денови во врска со организирањето на тие митинзи, а поради рестриктивните мерки што се уште се во сила во Северна Каролина, не е можно во Шарлот да се свика конвенција каде Републиканската партија треба да го назначи Трамп за свој претседател.

Затоа, според еден од советниците ангажирани во кампањата за Трамп, сегашниот претседател и Националниот комитет на републиканците се за идејата за одржување во Џексонвил, Флорида, затоа што очекуваат поголем собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот