Трамп во Калифорнија испратил расипани респиратори: Гувернерот во очај, повлече радикален потег (ВИДЕО)

Фото: ЕРА

Наместо да се „жали“ на тоа, гувернерот веднаш ги испратил на поправка.

Бидејќи во болниците ширум САД недостасуваат критични медицински материјали кои им се потребни за борба против коронавирусот, администрацијата на Трамп испраќала респиратори во државите чии здравствени системи на најдоа на удар на епидемијата.

Калифорнија, која има трет највисок број на заразени во САД, конечно доби респиратори од националното складиште – но ниту еден медицински уред не работел, вели гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом.

На конференцијата за новинари за напорите на неговата држава да го сузбие новиот вирус, Њусом, во саботата рече дека Министерството за здравство и човечки услуги испратило 170 респиратори во округот Лос АНџелес директно од сојузните залихи. Меѓутоа, официјалните лица се изненадиле кога откриле дека сите механички уреди за дишење „се скршени“.

Наместо да се „жали“ на тоа, гувернерот веднаш ги испратил на поправка.

„Наместо да се жалиме поради тоа, наместо со прст да покажуваме за тоа… Имаме автомобил и камион, и оние 170 ги однесовме на поправка“, рече Њусом.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот