
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „можеби некогаш ќе биде руска“
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.
Препорачано
„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз. Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретки минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.
На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.
Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.
Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Киев. Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5