Трамп во Индија: За едни херој, за други непријател

Фото: EPA-EFE/INDIAN MINISTRY OF EXTERNAL AFFAIRS

Премиерот на Индија, Нарендра Моди го пречека претседателот на САД, Доналд Трамп, а во исто време хиндуистичко националистички и комунистички групи излегоа на улиците на Њу Делхи да пружат поддршка односно да протестираат против САД.

Групата хиндуистички националисти одржа молитвен состанок при што на постер со ликот на Трамп, на неговото чело ставија црвена точка, со што го благословија, додека свештеникот му посака успех во настојувањата за зајакнување на врските со Индија.

Фото: EPA-EFE/STR

На друго место во Њу Делхи, десетици приврзаници на Комунистичката партија на Индија носеа транспаренти на кои пишуваше „Оди си Трамп“.

Демонстрации против Трамп имаше и во градовите Гаухати, Калкута и Хидерабад.

Генералната секретарка на Комунистичката партија, Дораисами Раџа го обвини Моди дека подлегнал на притисокот од САД за пристап до индискиот пазар наместо да ги штити интересите на Индија.

Фото: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот