Трамп во еден ден објави повеќе твитови отколку Обама во една година

Профилот на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп вчера „падна” од преголема активност, додека комисијата за судска власт на Претставничкиот дом разгледуваше обвиненија за импичмент против него.

До средината на попладнето тој имал објавено повеќе од 100 твитови или ретвитови, информира „Д Вик” (The Week).

Пред крајот на денот и весникот „Вашингтон пост” јави дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвитови од секој друг ден, откако ја објави својата кандидатура за претседател во 2015 година.

Претходниот рекорд во твитови на Трамп изнесуваше 105. „Вашингтон пост” коментира дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвтитувал, отколку поранешниот претседател Обама што напишал на профилот @POTUS од мај 2016 до јануари 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот